Заев: Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место

од Nikola Popovski
369 прегледи

Инвеститорите ги носиме во секој град и секое населено место. За нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој и тие ќе овозможат луѓето да се определуваат да живеат и работ во родното место, бидејки ќе имаат избор, ќе имаат шанса да работат, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на средбата со жителите на општина Демир Капија.

Тој низ бројки се осврна на реализираните проекти во минатите 4 години: 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на културата, театри, општински згради и на демиркапијци им најави изградба на автобуска станица, изградба на пречистителна станица за отпадни води, хортикултурно уредување на село Корешница и инвестиции за развој на спортот и спортски објекти.

Слични содржини