206
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.
Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 159 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата.