Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција го презентираше тунелот на подземната сообраќајница кај хотел Лимак.
-Ова е коридор кој што ќе ги спојува Аеродром и Карпош од едната страна на центарот, потоа коридорот на булевар Асном и мостот кој што го презентиравме, е исто така на релација, Карпош-Аеродром, со можност за излез кон Бутел и Чаир. Со заобиколувањето на центарот на градот, ја создаваме можност за најголемата пешачка зона во Европа. Таа ќе биде од Старата железничка до Бит-Пазар од едната страна и од Собранието до Палома Бјанка од другата страна, информира Шилегов.
Како што тој презентираше денеска, ќе се и затвори улицата „11 Октомври“ односно „Димитрија Чуповски“ – од Собранието до „Палома Бјанка“ и со тоа ќе се добијат 71 хектар (730 000 квадратни метри) зона во која нема да има движење на автомобили.