Видал снимен „камен пијан“

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Познатиот чилеански фудбалер Артуро Видал е снимен како се обидува да влезе во автомобил во пијана состојба.

Но без успех.

Играчот на Интер се обиде да влезе во автомобилот, а потоа се преврте во задниот дел на возилото, за да стигне до совозачкото седиште со помош на другите.

– Па тој не може да стои! – се смееше жената која ја сними целата сцена од блиската зграда.

Италијанските медиуми наведуваат дека снимката е направена непосредно пред почетокот на оваа сезона.

– Раководството на Интер е запознато со инцидентот и по тој повод имаше разговор со Видал – посочува „Газета дело спорт“.

Артуро Видал има 34 години, како играч од средниот ред ја освои Копа Америка со Чиле во 2015 и 2016 година, а во текот на кариерата играше и за Коло Коло, Баер, Јувентус, Баерн и Барселона.

Слични содржини