Уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе го чита отпечатокот од прстот на секој гласач и ќе бара совпаѓање со отпечаток на прст.
-Она што сакам да го потенцирам е дека овие уреди ги паметат сите податоци коишто се случувале на избирачкото место, кој ракувал со уредот, кој бил најавен со корисничко име – лозинка, во колку часот се најавил, во колку часот се одјавил, колку пати имал обид за верификација со отпечаток од прст еден гласач, така што се она што се случувало на избирачкото место ќе го содржи како податок овој уред и подоцна доколку има потреба ќе може и да се провери, изјави денеска Љупка Гугучевска, портпарол на ДИК на презентацијата на уредите за биометриска идентификација.
Оваа година, за прв пат се воведува и новиот начин на идентификација на гласачите, со употреба на уредот за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ), кој има за цел да го унапреди процесот преку дигитализација и автоматизирање на дел од постапката за гласање. Уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе го чита отпечатокот од прстот на секој гласач и ќе бара совпаѓање со отпечаток на прст од електронскиот избирачки список со цел да потврди совпаѓање.
Државната изборна комисија преку овој караван, но и преку целата едукативна и информативна кампања што ја реализира, има за цел да упати апел кон сите гласачи, дека и овогодинешните избори ќе бидат фер, демократски, сигурни и безбедни.