За жал, не. Не само во однос на Преспа, еве во однос на бугарското прашање, ние имаме декларација усвоена од Парламентот, после многу натегање усвоивме со поддршка и од Власта и од опозицијата, меѓутоа ако одите точка по точка, сегмент по сегмент, целиот тој македонско-бугарски комплекс на прашања и проблеми, таму власта и опозицијата драстично се разликуваат, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА, говорејќи за дали постои единство во надворешната политика во Македонија, без разлика која партија е на власт или кој е претседател, како што има во Грција.
Тој додаде дека особено му е криво што опозицијата не смогнала сили, слично како грчката некогашна опозиција, денешна власт да каже дека само една реченица: да бевме ние на власт немаше да склучиме таков проблем.
-Да каже дека договорот не е добар од тие и тие причини, да каже ако ние бидеме на власт утре-задутре како секоја друга сериозна држава, сериозна власт во сериозни држави ние ќе го почитуваме тој договор колку и да е лош. Тоа беа точно зборовите сега овие што ви ги кажувам на грчкиот премиер, вели: Мојот став за Преспа е познат, нашиот став како партија е познат, вели Пендаровски за македонската опозиција во интервјуто.