Османи: Шпанија чекаше 24 години, а Велика Британија 11 години со две вета за да влезат во ЕУ

од Nikola Popovski
339 прегледи

Дипломатијата не е трка на 100 метри, тоа е маратон со комплексни пречки, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во однос на датумот за проширување на ЕУ и за тоа дали има краен рок за земјите од Западен Балкан.

Тој ситуацијата со нашата држава ја „споредува“ со Шпанија и Велика Британија, при нивниот обид за членство во ЕУ.

-Шпанија чекаше 24 години, а Велика Британија 11 години да влезе во ЕУ, со две вета од Франција. Ние се држиме на работ на кредибилитетот на процесот. Како што и претходно имам кажано, ние не се откажуваме. Не можат да не блокираат, колку што ние можеме да бидеме упорни, изјави Османи.