Актерот Михајловски позитивен на ковид: „Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме промената во Куманово“

од Берта Китинска
711 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски е позитивен на Ковид – 19.

Ова тој сам го објави на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој вели дека и покрај тоа што се вакцинирал  и ги почитувал мерките за заштита, сепак се заразил.

– Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово, напиша Михајловски на „Фејсбук“.

Слични содржини