Меѓу станиците на Бас рапид транзитот ќе се постигнува брзина на движење од 50 километри на час

од Nikola Popovski
215 прегледи

Бас рапид транзитот системот се состои од модерни автобуси со голем капацитет и безбедни коридори по кои ќе се движат, со оптимална брзина, стои во соопштението на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Според него, со воведувањето на БРТ, ќе се подобри услугата и на сегашниот автобуски систем со поголем број автобуси што ќе циркулираат.

-БРТ системот целосно ќе се интегрира со постојниот автобуски систем. Со него се воспоставуваат две линии со коридори резервирани само за ултра-еколошки автобуси – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, и од Бутел до Кисела Вода. Трасата со правец запад-исток е во должина од 12,8 км во една насока, со 21 станица, а трасата со правец север-југ е во должина од 10,4 км и 20 автобуски станици.

Делницата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, предвидено е да се поминува за околу 30 минути. Меѓу станиците се постигнува брзина на движење од 50 километри на час.

Физичката издвоеност на трасата во 82% од вкупната должина е со зелен појас, што е најквалитетен начин на издвојување; во централниот дел – околу 400 метри е пешачка зона во која се допуштени само возила на БРТ.

Наплатата, односно валидацијата на билетите предвидено е да се врши на самата станица што ќе овозможи што е можно пократко задржување на возилата на брзиот автобуски систем на станиците заради влез и излез на патниците, вели Шилегов.

Слични содржини