Асан до Дудуш: Знаеме дека имаш пари, ти паѓаат биткоините од џебот

од Nikola Popovski
825 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Ферат Асан обвини дека моментално општината е „семејна“.

-Имаме претседавач сопруга на актуелниот градоначалник Курто Дудуш, вработени од семејеството, имаме инспектори од истото семејство и вработени во институции. Вујко ти е возач во геријатрија, обвини Асан во дебатата во емисијата „Студио 10“.

Тој обвини за злоупотреба при една јавна презентација во општината на ДУП-от.

-Пред 120 души ти реков кој е тој што се осудува да направи маркица на плоштад. Ти рече: „Jас не сум клошар и имам пари“. Да имаш пари, ти паѓаат биткоините од џебот, тоа не е проблем, меѓутоа ти да бараш 200 илјади од мене и да кажеш ќе ти направам какви маркици сакаш, тоа не може. Две евра не ти давам. Луѓе не можат да дојдат до извод од ДУП, посочи Асан во телевизиското соочување на двајцата кандидати за градоначалници.

Слични содржини