Протест на жителите на Шуто Оризари пред Град Скопје: „И ние Ромите сакаме чист воздух, плаќаме даноци и комуналии“

од Nikola Popovski

Вечерва жителите на Шуто Оризари поддржани од ромската заедница од сите скопски општини, заедно со градоначалникот Курто Дудуш вечерва протестираа пред Град Скопје под мотото „Шуто Оризари – заборавена општина – До кога?“, по повод 12 септември, денот на општина Шуто Оризари.

Според нив, системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје не поминува незабележано од граѓаните.

Жителите побарале од градските власти да има паркови, булевари, редовни автобуски линии и Ромите еднакво да бидат застапени во градските управи.

-И ние Ромите заслужуваме чист воздух, нови климатизирани автобуси. И ние Ромите сакаме 20 улици. Шуто Оризари во последните пет години се урбанизира и модернизира. Шуто Оризари плаќа даноци и комуналии. Бараме тоа што го плаќаме во градот Скопје, да се реинвестира за Ромите во Шуто Оризари, рече градоначалникот на општината, Курто Дудуш, испраќајки критики кон градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска дека „нема слух за Шуто Оризари и дека не испорачала ветеното“.

Собирот започна во 18 часот во паркот во населбата по што се тргна кон седиштето на Градот Скопје во Градскиот парк.

Слични содржини