Скопјанец заразен со корона се појавил во суд

од Nikola Popovski
297 прегледи

Надлежните институции му определија парична казна од 2000 евра на скопјанец кој наместо да остане во задолжителна самоизолација од Ковид-19 отишол во суд.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за SARS-CoV-2 вирусот во една лабораторија во Скопје. Но, наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест, тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд Скопје. Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот.

Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност

Слични содржини