Починаа 9 лица од корона во изминативе 24 часа, уште 9 од периодот од 7 септември до 4 октомври

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години.

Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Слични содржини