Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври го спроведе кварталното истражување „омнибус“ во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.
Истражувањето се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаниците односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства.
Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%
На прашањата поврзани со рејтинг на политичките партии се потврдуваат податоците од телефонската анкета спроведена на крајот на септември со мали статистички нејзначајни разлики кај сите политички субјекти освен пораст во категоријата дека не знаат за кого ќе гласаат како и во оние кои нема да излезат на избори.
На прашањето „Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?“, резултатите велат:
Од оние кои се изјасниле дека ќе излезат да гласаат рејтингот на политичките партии е прикажан на графикот:
Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како и социо – економски истражувања. Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо – економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за домашни.