Сугарески: Прилеп не е моја попатна станица, туку конечна дестинација

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Денеска одбележуваме 80 години 11 Октомви, денот кога народот организирано тргна против фашистичкиот окупатор, а Прилеп е симбол град кој дал 8000 учесници во НОБ и секогаш раѓал борци за македонската кауза, рече Горан Сугарески кандидат на СДСМ за градоначалник на граѓанскио марш во Прилеп.

-За проектите разговараме и ги презентираме пред вас секој ден и денеска нема да зборувам за тоа, туку ќе ви кажам нешто друго, сите вас ве познавам многу добро. Заедно делевме убави и лоши моменти, но останавме заедно и во добро и во лошо, јас сум роден прилепчанец, животот ме носеше повеќе години во Скопје, но признавам дека и покрај другите политички функции, најголемиот предизвик е кандидатурата за градоначалник на мојот град, а јас никогаш не сум избегал од ниту еден предизвик, порача тој пред прилепчани.

Сугарски посочи дека влегува во најголемата битка во животот и целото негово политичко и животно знаење го остава зад себе за да му се посвети на напредокот на Прилеп.

-Држава се гради со љубов и искрено чувство за патриотизам и почит за сите националности, мојата животна филозофија е да обединувам а не да делам, Прилеп не е моја попатна станица туку крајна дестинација. Ние влечеме напред, а оние другите од ВМРО-ДПМНЕ влечат назад, секоја генерција има свои битки, а локалните избори го одбираат правецот со кој сакаме да се движи државата, имаме одговорност пред гнерациите што доаѓаат, заклучи Сугарески.

Слични содржини