Заев за инцидентот со Левица: Ако партијата имаше рејтинг од 4%, сега има 2%

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Жалам за тоа што се случи вчера. Во слободата се случуваат работи кои што на секој му дава да преземе непријатни активности, а Левица го направи тоа вчера, рече премиерот Зоран Заев во дебатата на ТВ Алсат, зборувајќи за вчерашниот инцидент со членови на Левица на Могилата на непобедените.

Тој вели дека се смета за еден од лидерите на ова општество во борбата за слобода и демократија.

-Кога имате слобода тоа може да предизвика непријатни ситуации. На вака поставена влада, јасно се гледа определбата за слобода. Определбата на институциите да ги остават таму е делот на слободата и слободната волја. Тоа беше окупиран простор, кој што е во право на сите луѓе. Сите фашисти и во минатото окупирале и сега окупираат. Ако Левица имала 4%, сега има 2% рејтинг меѓу граѓаните, вели Заев.

Членови и активисти на Левица вчера предизвикаа инцидент пред спомен меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“, кога владината делегација положи цвеќе во чест на загинатите, на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието.

„Зоки немаш лице да се појавиш овде. Му се посра на сите што се овде загинати. Треба да си славите уште еден празник таму во Бугарија, не овде“, зборуваше еден од активистите додека премиерот Заев се поклонуваше пред споменикот.

Премиерот на тоа му врати, обраќајки му се со зборовите: „Посетете си психијатар“, на што активистот на Левица му рече: „Да појдеме заедно ако сакаш?“.

Во целата непријатна конверзација, се вклучи и уште едно лице, кое му рече на членот на Левица: „Влада на Република Македонија е ова, како не ти е срам?“.

Слични содржини