Заев: Нормално е и наше секојдневие се покачените плати на учителите и наставниците

од Nikola Popovski
378 прегледи

Фокусот го насочивме кон инвестиции во патната и комуналната инфраструктура затоа што таа е моторот на економскиот развој, тоа е видливо особено во овој крај, овде во Крива Паланка и овој регион, порача синоќа од Крива Паланка претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој посочи дека во овие четири години наназад само во североисточниот регион во патната желензичката комуналната инфраструктура и другите проекти вложени се над 700 милиони евра.

Заев додаде дека успесите што се постигнати во овие четири години се веќе нормално, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во опозиција се додека не научат како се работи за државата и граѓаните.

-И 300% зголемена социјална помош е нормално, и покачени плати за 6.300 во просек во државата е нормално. И покачени плати за 35% на здравствениот персонал е нормално. Нормално е и наше секојдневие се покачените плати и на учителите и наставниците.

Нормално е да поделите 10 милиони евра ваучери на спортските клубови. Нормално е да реализирате и поддржите општините со преку 550 милиони евра проекти, затоа што е нормално да инвестирате во својот народ, да инвестирате во инфраструктурата. Нормално е да се донесат сите храбри одлуки кога не калкулирате со својата политичка кариера. Нормално е и да инвестираш во сите региони рамномерно, наместо Истокот да го игнорираш цели 11 години. Нормално е! И ако не знаете како се прави, останете таму во опозиција и учете лекции, истакна Заев и им порача на ВМРО-ДПМНЕ да не бараат изговори и алиби за поразот на 17 октомври кој е очекуван.

Слични содржини