Претседателот на СДСМ Зоран Заев од Гостивар изјави дека ВМРО-ДПМНЕ освен што не сакало да ги реши тешките прашања, туку и целосно се ставиле во функција на саботажа на секој обид за напредок на државата.
„Ние промовираме “Едно општество за сите”, тие предизвикуваат етнички тензии. Но, граѓаните добро знаат да направат разлика и како бел ден стана јасно кој се бори да ја нормализира нашата држава, а кој да ја дестабилизира. Здружено нема да им дозволиме!
Нема да му дозволиме ниту на Мицкоски ниту пак на Села. Тие двајца се споија околу заедничката безидејност околу заедничката омраза кон другите.
И затоа таа вештачка коалиција, тој брак од интерес ќе им се распадне уште во недела некаде околу полноќ, кога и двајцата ќе видат дека ниту членови на ВМРО-ДПМНЕ гласале за Алијанса за Албанците, ниту пак членовите на партијата на села гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе биде и никако поинаку, затоа што не одат „Македонци варвари“ и „Чиста Македонија“ заедно и тоа го знае секој овде на овој плоштад тоа го знае секој граѓанин на нашата татковина.“ порача Заев.