Софија го одобри Меморандумот помеѓу Македонија, Бугарија и Албанија за Коридорот 8

од Nikola Popovski

Привремената влада во Бугарија денеска го одобри Меморандумот за разбирање помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија за соработка во изградба на инфраструктура долж Коридорот 8, соопшти тамошната прес-служба на Владата.

Главната цел на стратешкиот документ е да се потврди „волјата и подготвеноста на трите земји за долгорочно планирање и координиран развој на врските меѓу Јадранското и Црното Море“, јави дописникот на МИА од Софија

Акцент во документот е ставен на инвестициски проекти со голема вредност за Балканот и за мерки за градење на врски меѓу трите земји, вклучувајќи проекти на териториите на секоја од нив.

Слични содржини