Ќе се зголеми парламентарното мнозинство, најави Заев

од Nikola Popovski
441 прегледи

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во разговор за Канал 5 телевизија истакна дека парламентарното мнозинство може да се промени, но да порасне заради самата поставеност, заради националистичка реторика што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, со која и луѓе што се внатре не се согласуваат.

-Живееме во втората деценија од 21 век, сите треба да бидат еднакви граѓани и тоа е важно, а граѓаните не сакаат повторно кавги со соседите, со остатокот од светот, сакаат интеграциите да продолжат зашто носат економија, носат повисок економски стандард, кој веќе е видлив насекаде, рече Заев.

Тој најави дека после локалните избори ќе има период од 2,5 години во кој ќе нема избори каде ќе може да се одработи навистина јуначки за сите што сакаат да одработат, дали советници, градоначалници, пратеници, министри, премиерот сите заедно можат да одработат и да се приклучат на прогресивниот дел на државата.

 

Слични содржини