Илиевски: Куманово ќе добие европски плоштад и гасификација за секое домаќинство

од Nikola Popovski
454 прегледи

Со 120 милиони евра инвестиции од Владата имаме безбедна средина, современа инфраструктура и многу нови можности како што немало досега истакна кандидатот за градоначалник на општина Куманово Оливер Илиевски на вечерашниот завршен настан на караванот „Најдоброто“.

,,Нашата цел, да го пренесеме успехот од централно на локално ниво, уште подинамично и уште поенергично, да вложуваме во Куманово со политики кои од Куманово ќе направат метропола. Голем град сме, со значајна географска местоположба – дајте ја поддршката за Најдоброто, затоа што – Го заслужуваме!

Куманово е и Македонија во мало и токму тој мултиетнички соживот е нашата движечка сила напред. Убеден сум дека само нашиот социјалдемократски концепт Едно општество за сите е предуслов за просперитет. Ќе вложуваме во детски градинки, детски катчиња, мултифункционални игралишта. Да ја изградиме најдобрата инфраструктура. Гасификација за секое домаќинство и индустриска зона. Крај на прашањето за чисти реки и чиста животна средина, за канализациски и водоводни мрежи во руралните средини, работи за кои е срамно да се зборува во 21 век. Ќе го изградиме и најдобриот најмодерниот, европски плоштад, со градско шеталиште, подземни сообраќајници и подземно паркиралиште, проект кој многумина од вас сакаат да го видат во живо. Со инвестиции ќе се борам за младите да ни останат тука“, порача Илиевски.

Слични содржини