Се огласи првата дама: За побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања

од Берта Китинска
593 прегледи

На социјалните мрежи бил отворен лажен профил со име и презиме на првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. Од овој профил се злоупотребуваaт лични информации на граѓаните, исто како што се крадат и информации за кредитни картички.

За лажниот профил е запознаена МВР и самата Елизабета Ѓоргиевска која напиша на својот официјален профил.

„Почитувани пријатели, многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име. Пријавен е во Фејсбук и во МВР, но би ве замолила за побрза реакција од Фејсбук, да има што повеќе пријавувања. Ви благодарам“.