353
Додека не се затвори и последното гласачко место, изборниотмолк ќе трае, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).
Оттаму ќе објават кога ќе бидат затворени сите гласачки места.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на последната прес-конференција информираше дека избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.