Новаковски: Не е дозволиво на ден на избори да се носат ад-хок решенија

од Берта Китинска
302 прегледи

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Новаковски во изјава за Телма објасни дека изборниот законик е прецизен за времето за гласање, недозволиво е на ден на избори да се носат ад-хок решенија.

-Пракса и законско правило е секаде каде имало прекин на изборниот процес пократок од 3 часа, се продолжува времето на гласање за толку колку што било во прекин. Но не за сите избирачки места. Потоа секој кој што се нашол во просторот на избирачките места пред 19 часот односно крајниот термин за затворање на избирачките места, има право да го оствари своето гласачко право. Не ми е јасно како за оние што се во дворовите на објектите каде се избирачките места, ќе се знае дали се дојдени за гласање или не.Сметам дека не е дозволиво на ден на избори да се носат ад-хок решенија. И дека ДИК ќе ги надмине сите проблеми во интерес на процесот, истакна поранешниот претседател на ДИК.

Слични содржини