Тоа што ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидува да конструира лажна еуфорија е показател за политичката неукост на Мицкоски, кажа Генералниот секретар на СДСМ и шеф на Централниот Изборен Штаб на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Љупчо Николовски.
-На Мицкоски му порачуваме: Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за да се обезбеди подобар живот на народот во секоја општина. Локалните избори секогаш имаат и втор круг затоа кочи Мицко. А граѓаните знаат: СДСМ го има најголемиот коалиционен капацитет на македонската политичка сцена и тоа во историјата на плурализмот во Македонија. Прогресивната и демократска опција, односно СДСМ и најголемата и најразолика коалицијат Најдоброто за мојата општина ќе ги добијат овие избори бидејќи Северна Македонија, членка на НАТО со завршен Попис никој неможе да ја кочи и мора да оди напред. СДСМ ќе освои поголем број градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ. Прогресот ќе доминира во најголем број од општините“, рече Николовски и порача дека СДСМ победува во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е поразено во Град Скопје.
Во одговор на новинарско прашање, Николовски одговори дека во втората најголема општина, Куманово, ВМРО ДПМНЕ не е ни фактор, а во втор круг сигурно одат двајца кандидати за градоначалници меѓу кои и кандидатот на СДСМ.