Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини има вкупно 44.833 неважечки ливчиња.
На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас.
Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу неважечки ливчиња кај општините има во Битола – 2.659, по што следат Куманово со 2.076 и Гази Баба со 2.020. Најмалку неважечки ливчиња само 48 има во Општина Пласница по што следат Ранковце со 57 и Центар Жупа со 62 неважечки ливчиња.
На првиот круг од локалните избори вкупно гласале 848.104 гласачи или 48,99 отсто од вкупно запишаните 1.824.864 гласачи во Единствениот избирачки список.