Вархеји: Одлагањето на преговорите со Македонија е штетно за кредибилитетот на ЕУ

од Nikola Popovski
435 прегледи

Работиме одблизу за да ја деблокираме ситуацијата и да го решиме проблемот за оваа тешка тема, за сега не бевме успешни но имаме надеж, до крајот на оваа година мораме да испорачаме, не смее ова да се доведе во прашање, вака изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, при што ги презентираше извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција пред европратениците.

Според него, одлагањето на преговорите со Северна Македонија, и со Албанија, е штетно за кредибилитетот на Европската Унија.

Тој додаде дека со оглед на изборните циклуси во Бугарија и во Северна Македонија овој период не помага, но дека оваа сложувалка мора да се надмине.

Вархеји денеска рече дека Србија ги исполнила критериумите за отворање на кластерите 3 и 4 и ја поддржа амбицијата на Србија да отвори други кластери што е можно поскоро.

Тој нагласи дека постои обновена посветеност кон реформскиот процес во Србија.

„Србија мора да ги продолжи и продлабочи реформите во областите на борбата против корупцијата, организираниот криминал, слободата на медиумите и во внатрешното гонење на воените злосторства“, рече Вархеји.

Слични содржини