Богоевски: Гласачите на СДСМ испратија силна порака, партијата треба да направи промени

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Успехот на ВМРО-ДПМНЕ се должи на неуспехот на СДСМ, вели граѓанскиот активист и поранешен пратеник Павле Богоевски во емисијата „Само вистина“.

Според него, повеќе од очигледно е дека гласачите и партиското членство имаат силни пораки до СДСМ и токму тука лежат идните чекори.

-Прашањето е дали СДСМ навистина ќе ги чуе пораките и ќе го промени тоа. Сакам да верувам дека СДСМ ќе успее да ги обедини прогресивните сили и факторите во државата и за наредните парламентарни избори. Тоа ќе биде вистинскиот тест, посочува Богоевски.

Слични содржини