Касано: Роналдо не е ниту меѓу најдобрите пет на сите времиња

од Vladimir Zorba

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано изјави дека Кристијано Роналдо не е ниту меѓу петте најдобри фудбалери на сите времиња како гостин на каналот БобоТВ на Твич на неговиот поранешен соиграч Кристијан Виери.

Пензионираната италијанска фудбалска sвезда смета дека Пеле, Диего Марадона, Лионел Меси, Јохан Кројф и Роналдо Назарио се најдобрите фудбалери во историјата.

„Дали Кристијано Роналдо е најдобриот во историјата на фудбалот? Тој не е ниту во првите пет. Меси, Пеле, Марадона, Кројф и Роналдо се на друго ниво“, изјави Касано.

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, како и на Рома, Милан, Интер и Реал Мадрид во минатото беше критичен кон Роналдо. Додека ЦР7 беше член на Јувентус, тој го критикуваше за неговата себичност.

„Кристијано размислува само за своите голови и рекорди. Тој секогаш беше малку себичен и не се грижеше дека другите постигнуваат голови. Тој не живее за играта, тој живее за голот“, рече Касано.

Слични содржини