Забележани се 490 нови случаи на Ковид-19 од 3.073 тестирања, соопшти попладнево Министерството за здравство. Билансот по градови изнесува Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Велес – 10, Кавадарци – 8, Куманово – 7, Штип – 5, Кочани – 4, Гевгелија и Радовиш – по 3, Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.