Шилегов: За само два дена беа објавени списоци за егзекуција и линчување на определени луѓе

од Nikola Popovski
4,5K прегледи

Факт е дека во Скопје морате да имате симбиоза помеѓу владата и градот. Невозможно е владата да оди во еден правец, а градот во друг, вели градоначалникот на градот и кандидат на СДСМ, Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“.

Според него, сега зборуваме за поинакво Скопје.

-Скопје кое се гради, два мостови во еден мандат, тунел под старата железничка станица. Доколку победи Арсовска, пораките кои би ги испраќал градот би биле пораки на барок, на неразвивање на градот, затоа што Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов и додаде:

-За само два дена имаме повторно објавување на списоци за егзекуција, пораки за линчување и затворање на определени луѓе и отворање на гробови. За само два дена. Така не можеме да имаме интеграција, потенцира Шилегов.

Слични содржини