Коронавирусот однесе уште 11 животи

од Nikola Popovski
316 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, регистрирани се 11 починати лица.

Според билансот, има по 2 починати лица од Скопје (67г и 79г), Крива Паланка (67г и 76г) и Куманово (73г и 74г) и по едно починато лице од Македонска Каменица (82г) ,Охрид (80г) ,Прилеп (74г) ,Пробиштип (64г) и Штип (70г). Од пријавени лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187.

Слични содржини