345
Не сме победени од ВМРО-ДПМНЕ. Слободоумните граѓаните викаат дека ќе излезат да гласаат во вториот круг, вели премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дневникот на ТВ Сител.
Според него, добар дел од населението им покажало жолт картон и дека пораката е сфатена.
-Уште веднаш го променивме пристапот во кампањата. Седењето дома е поддршка за нашиот противник. Граѓаните знаат сѐ, додава Заев.
Тој укажува дека гласачите на ЛДП, ДОМ, Зелен хуман град веруваат во истите вредности како и СДСМ.
-Таква е структурата на нивните гласачи, рече Заев.