Наумоски му ја предаде должноста на Стојкоски: Во аманет на Александар му ги оставам проектите кои ги започнавме

од Берта Китинска
447 прегледи

Денеска му ја предадов должноста Градоначалник на општина Ѓорче Петров на новоименуваниот носител на функцијата, Александар Стојкоски, напиша на својот Фејсбук поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумоски од редовите на СДСМ.

-Промената на локалната власт не треба да значи промена на темпото со кое се работеше за подобро Ѓорче.

Во аманет на Александар му ги оставам проектите кои ги започнавме а кои треба да ги заврши и реализира за сите нас ѓорчепетровци.За четири години во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод 5 километри, фекалнa 40 километри, паркинг 7700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на Детелинка со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД SMART осветлување , го вративме старото Корзо, изграден е кружен тек во Волково, Јоаким Крчоски после 60 години доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во Паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче…

Патот е трасиран, темпото на работа одредено…Александар со среќа нека е и продолжи да го градиш наше Ѓорче!, напиша Наумоски