Граѓаните на Тафталиџе со порака: Стевчо го демне паркот, да не дозволиме нова зграда

од Берта Китинска
796 прегледи

„Стевчо не го сакаме паркот не го даваме“, стои на еден натпис во наслебата  Тафталиџе .

Со оваа порака тие велта дека на поранешниот градоначалник кој се бори повтроно за градоначалничката функција во Карпош, нема да му  дозволат да се изгради зграда на ова место.

Незадоволството од неговото водење на општината кулминираше откако беа донесе низа урбанистички планови  во  2017 година .Граѓаните на  Тафталиџе  тогаш  излегоа на протест и набројаа неколку  градилишта за нови згради на места за кои сопствениците не успевале сами, без инвеститори, да добијат одобренија ниту за трикатници.

Kарпошани в недела избираат меѓу Јакимовски, против кого со месеци протестираа, и Весковски, кој бара прв мандат. Весковски, според официјалните резултати од ДИК, во вториот круг влегува со 2470 гласа предност. Тој освои 9311 гласови, а Јакимовски 6841 глас.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата, Душко Весковски, под мотото „Најдоброто за Карпош“ највува повеќе зеленила и дигитализација на општината

– Сакам да ве уверам дека нашата визија за Лептокарија, за Млечен, за Делфинa, за мултиетничко Нерези, за Карпош 1, 2 и 3, за новиот парк во Карпош 4, за планската урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, за романтично Тафталиџе 1 и 2, за Козле, Трнодол и Жданец, можеме заеднички да ја оствариме со вас. Подготвен сум во овој предизвик да го вградам целокупното досегашно мое лично, политичко, но пред сѐ, професионално знаење и искуство –најавува Весковски.

Слични содржини