Навики во исхраната, со кои треба да почнете ВЕДНАШ, вели нутриционист

од Vladimir Zorba
540 прегледи

Преоптоварени сме со совети како да спроведеме здрава исхрана и на многумина од нас често им е тешко да знаат во кој правец да одат. Успехот за некои не мора да значи успех за други.

Еве неколку едноставни совети кои можете да ги следите, во кои се колне нутриционистката Сара ди Лоренцо, а тие функционираат за секого, тие се едноставни, одржливи и добра основа за долгорочно здравје и благосостојба.

Започнете го денот со појадок

Прво, погрижете се да го започнете денот со здрав појадок. Појадокот е контроверзен особено поради зголемената популарност на диетата со повремен пост. Истражувањата покажуваат дека оние кои го започнуваат денот со појадок обично јадат во просек 400 калории помалку од оние кои не го прават тоа, и ќе се чувствувате полни со енергија и добро расположение цело утро.

Протеини со секој оброк

Протеинот со секој оброк е едноставен совет, кој навистина делува. Протеините ве одржуваат сити помеѓу оброците, помагаат да се одржи здрава тежина и го намалува губењето на мускулите.

Внимателно бирајте грицки и закуски

Паметните грицки, како што се јаткастите плодови, јогуртот и бобинки, кисели краставички и сирење или едноставно варено јајце, ве спречуваат да се прејадете и се одлични за зголемување на нивото на енергија, а тоа резултира и со намалена глад. Друга одлична причина за „паметно грицкање“ е тоа што го зголемува внесот на храна богата со хранливи материи во текот на денот.

Јаглехидрати за појадок и ручек

Јаглехидратите играат многу важна улога во здравата исхрана, тие се еден од нашите три макронутриенти кои ни даваат енергија, а важно е да знаеме дека постојат едноставни (лоши) и сложени (добри) јаглени хидрати, а внесувањето на вторите треба да доминира.

Најдобро време за уживање во здрави јаглехидрати е дефинитивно времето за појадок и ручек, бидејќи тоа ќе обезбеди добар проток на енергија во текот на денот.

Големини на порции

Одржувањето здрава консумација на порции е едноставен и остварлив совет. Упатството треба да биде количината на протеини со големина на дланка, три шаки салата и зеленчук, една рака квалитетни сложени јаглехидрати и добри масти, пишува Women’s Health.

Слични содржини