413
Вкупно 311 приговори за повреда на избирачкото право стигнале до Државната изборна комисија (ДИК) до 15 часот од кои прифатени се 268, одбиени се 25, додека 18 од лицата ги има во избирачкиот список, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Не се пријавени посериозни нерегуларности, додека сите проблеми со афингерпринт апаратите се решени.
– Во цела држава сегласа мирно и со користење на уредите за отпечаток на прст,без никакви проблеми, вели Даштевски.