Излезноста до 15 часот е 34,22 отсто, најмногу се гласа во Вевчани

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Излезноста во вториот круг од локалните избори во земјава е 34,22 отсто, соопшти Александар Даштевски, претседател на ДИК, на прес-конференција.

Останува истиот тренд на зголемување на бројот на гласачите во однос на првиот круг пред 2 недели, посочи тој.

Општини со најголема излезност се Вевчани со 66,54 отсто, Ранковце (60,15%), Демир Капија (58,18%), Конче (58,01%), Демир Хисар (55,03) итн…

Најмала излезност има во Сарај, 16,38 отсто.

Ги повика граѓаните да излезат до 19 часот и да го искористат своето право на глас и изборниот ден да заврши мирно и без нерегуларности.

Слични содржини