Денеска се одржаа фер, слободни и демократски избори. Огромно мнозинство излегоа на гласање, и дадоа правец каде ќе се движат општините во следните четири години,кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
-Каков ќе биде правецот, ќе видиме од резултатите. Победи слободата, и покрај компромитирање на изборниот процес од ВМРО-ДПМНЕ. Не успеаја од опозицијата за компроминтација од страна на опозицијата.Во Ѓорче Петров, Кочани, Македонска Каменица каде ВМРО-ДПМНЕ со своите режимски тактики се обиде да влијае на изборниот процес. Граѓаните гласаа слободно и без притисоци, а избирачка волја ќе биде испочитувана. Во име на СДСМ им честитам на сите успешниот изборен ден, рече Богданка Кузеска.