Ѓорѓи Спасов: Секое зло за добро

од Берта Китинска
956 прегледи

За земја како Македонија резултатот од локалните избори можеби е добредојден, напиша на својот Фејсбук професорот Ѓорѓи Спасов.

-Ние како народ брзо заборавивме на дивјаштвото од една претходна власт, заборавивме на сите манипулации и криминали и на штетите што можат да ги направат луѓе со непознати или со скриени биографии. Но, нека им е со среќа.

Време беше по бројните и често оправдани критики на власта во Македонија, во време на пандемија, економска криза,и во време на силни блокади за членство во ЕУ со истовремено поттикнување на македонскиот национализам, да видиме што може да направи некој друг, за отсранување на дел од тие слабости на локално ниво.
СДСМ научил да победува и да губи. Во 2013 година на локалните избори имаше победено само во Струмица, Центар, Куманово и Ранковце, а веќе 2016 година победи на парламенламентраните избори.Многу бргу тогашната власт, која се сметаше за непобедива, беше разобличена во својот криминал на сите нивоа од нејзиното дејствување, а СДСМ во 2017 година победи во 54 општини.Овие избори се добра поука за партиите од владината коалиција. И прилика да преиспитаат некои од своите политики, кадри и однесувања.

Но, не е крај на светот.Истите овие граѓани кои сега скокаат од радост што на бранот на еуфоријата против централната власт сменија и многу добри и успешни градоначалници . наскоро ќе можат да видат што вистина добиле и дали со право се радувале.

На промените на власта веќе не треба да гледаме како на судбински процеси. За среќа имаме веќе систем на владеење на правото кој ни овозможува на секого да му бидат загарнтирани основните човекови права.
Во таков систем големите злоупотреби веќе не можат да се случуваат ниту да останат неказнети.
И тоа треба да го знаат новоизбраните градоначници и совети на општините.По овие избори ќе биде воспоставена поголем рамнотежа и меѓусебната контрола на власта а тоа е секогаш добро за демократскиот развој.Секој нека го изработи својот дел, и нека се обиде да ја разбере туѓата мака. Централната и локалнта власт ќе треба добро да соработуваат а не да се блокираат.Упатеноста на соработка и компромис можеби ќе води и кон поголемо единство во земјава, напиша Спасов.

Слични содржини