МЗ: 11 починати во изминатово деноноќие, уште две во периодот од 22 до 30 октомври

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од коронавирусот,соопштија од Министерството за здравство.

По 2 починати лица се од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови ,а еден е починат во домашни услови.

Вкупно од почетокот на ковид-кризата во земјава починаа 7.145 лица.

Слични содржини