Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информира дека почна да тече рокот за поднесување приговори за овластените претставници, кој трае 48 часа, поточно до среда до 14 часот.
– Од овој момент тече рокот за поднесување приговори кој изнесува 48 часа за овластените претставници. Рокот истекува в среда во 14 часот, бидејќи тогаш беше објавена и конференцијата, информира Даштевски.
Тој посочи дека има некои забелешки и многу записници, па затоа и тече рокот за приговори.
– Ќе видиме дали некој ќе поднесе приговор во овие 48 часа, ако поднесе, ние ќе одлучуваме, рече Даштевски.