Мислам дека кампањата што ја водеа партиите на власт беше школски пример како да се изгубат изборите, вели Павле Трајанов во „Студио 10“.
-Имавме средба вчера во Владата каде сите едногласно се согласивме дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека нема потреба за нови избори.Локалните избори се за избор на градоначалници и советници, тие не треба да ги мешаме со централаната влас.Преблемите настанаа по оставката на Заев.Нов мандатор ќе отоври нови прашања, мој заклучок е дека Заев останува цврсто на својата одлука, вели Трајанов.