Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, остварил кратки средеби со Џо Бајден и Ангела Меркел на маргините на Самитот за климатски промени #COP26 кој се одржува во Глазгов.
-На маргините на Самитот за климатски промени COP26 остварив уште четири кратки средби, со претседателот на САД Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Индија, Нарендра Моди и израелскиот премиер Нафтали Бенет. Се вбројуваме и здружуваме со земјите кои активно преземаат обврски за борба против климатските промени. Важно е да се чујат и нашите заложби и работа во овој дел, напиша на Фејсбук, Пендаровски.