Кабинет на Заев: Не е точно дека оставката ќе се одолговлекува до декември

од Vladimir Zorba
914 прегледи

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев, за „Локално“.

Ова доаѓа по разните неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката.

Причината, според лиферуваните информации во повеќе медиуми, за одложувањето е да не се „пропушти можноста за почеток на преговори со Европската унија во декември“, што премиерот го навестил на средбата со коалициските партнери.

Заев во неделата вечерта изјави дека се повлекува од функцијата премиер и лидер на владејачката СДСМ поради поразот на партијата на локалните избори, но досега не ја доставил до Собранието и до партиските органи.

Слични содржини