392
Пратеникот на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски вели дека не поднел иницијатива за спас на Зоран Заев да не поднесува оставка од двете функции, туку дека е негов личен став во делот на Општинската организација на СДСМ во Куманово.
-Тоа е најголемата организација во државава со преку 5000 членови, која даде јасна порака дека застанавме позади него. Ние знаеме дека претседателот на владата и партијата е дециден до самата одлука и дека нема да ретерира. Сепак, тоа е негов личен и емотивен чин. Мое лично мислење е дека Заев на треба да замине, потенцира Костовски во емисијата „Само вистина“.