416
Забележани се 10 нови смртни случаи од Ковид-19 во последното деноноќие, информира Министерството за здравство.
Црниот биланс покажува 4 починати лица од Скопје (76г, 78г, 79г и 82г) и по едно починато лице од Кавадарци (61г), Штип (38г), Прилеп (66г), Велес (47г), Свети Николе (82г) и Берово (35г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.233, бројот на оздравени пациенти е 191.132, на починати е 7.242, а бројот на активни случаи изнесува 7.859.