Потврдени градоначалниците на Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане

од Берта Китинска
326 прегледи

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане.

Во вториот круг од изборите во Желино победи кандидатот на Движењето Беса Блерим Сејди, во Брвеница ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски, во Студеничани ДПА Азем Садики, во Старо Нагоричане Коалицијата Најдоброто за мојата општина предводена од СДСМ Жаклина Јовановска.

Општинските изборни комисии треба веднаш да ги објават резултатите и да ги достават до ДИК.

Слични содржини