297
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши денеска на прес конференција посочи дека утре ќе гласаат за недоверба на Владата.
-Изминатиот период бевме сведоци за пречките кои се појавија, во меѓувреме Апасиев ги повлече своите потписи и тргната е единствената пречка,рече Гаши.
Гаши вели дека четирите пратеници на Алтернатива на утрешната седница во Собранието на Република Македонија ќе го дадат својот глас за недоверба на Владата.