Починат човек пронајден во автомобил кај граничниот премин „Богородица“

од Берта Китинска
645 прегледи

Во полициската станица Гевгелија вчера било пријавено дека утрината во 8 часот и 15 минути, на паркинг простор на терминалот во близина на ГП „Богородица“ во патничко моторно возило „Хјундаи“ со грчки регистарски ознаки, бил пронајден починат грчкиот државјанин С.С.(59).

Лекар од гевгелиската Итна медицинска помош контатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото на настанот бил извршен и од екипи од ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.